Драфтот во 1996 година беше најдобар

0Shares
0 0

Еден од најдобрите плејмејкери кои заиграле во НБА, Ален Ајверсон тврди дека тој и неговата класа кои заедно влегле во лигата го сочинуваат најдобриот драфт во историјата.

Тој беше избран како прв пик од Филаделфија 76, но подоцна играше и за Денвер, Детроит, Мемфис и повторно една сезона во Филаделфија.

„Луѓето зборуваат за класата на Џордан или за 2003 година кога влегоа Леброн, Вејд и Мело. Се разбира дека тие беа одлични кошаркари и одлични генерации, но 1996 година беше најдобра од сите“, тврди Ајверсон.

Покрај него, во НБА таа година влегоа уште Коби Брајант, Стефон Марбери, Стив Неш, Реј Ален, Ентоан Вокер, Шариф Абдур-Рахим, Маркус Кампи, Жидрунас Илгаускас, Дерек Фишер, Предраг Стојаковиќ, Џермејн О’Нил итн. Сите тие оставија длабока трага во екипите во кои играа, а и во НБА лигата генерално.

0Shares
0 0