Драгиќ ги изнервира фановите на Тони Кукоч

0Shares
0 0

Словенечкиот репрезентативец Горан Драгиќ официјално стави потпис на договорот со Чикаго Булс, но ги крена на нозе фановите на шесткратниот првак со одлуката за бројот што ќе го носи претстојната сезона.

Искусниот плејмејкер одлучи да ја земе „седумката“ која некогаш му припаѓаше на хрватскиот легендарен кошаркар Тони Кукоч и со која тој освои три шампионски титули. На социјалните мрежи веднаш почна бура од негодувања за одлуката на Драгиќ.

„Повлечете го бројот 7, требаше досега да го направите тоа“, „Тој број секогаш ќе му припаѓа на Тони“, „Ова е погрешно“… пишуваа фановите на Кукоч на официјалните профили на Чикаго Булс.

Хрватскиот ас беше член на оваа екипа од 1993 до 1999 година и освен трите шампионски титули, беше прогласен за најдобар шести играч во сезоната.

0Shares
0 0