Драма во Цибона: Тренерот и ветеранот во клинч!

0Shares
0 0

Голем скандал се случил на натпреварот од хрватското првенство меѓу Цибона и Горица, одигран пред два дена.

Во конфликт влегле тренерот Владимир Јовановиќ и една од легендите на клубот Дамир Маркота кои имале жесток вербален дуел, проследен со тешки навреди и пцовки. Ветеранот бил незадоволен од тоа што тренерот го извадил од игра по само три минути игра и не го вратил до крајот на првото полувреме.

Наводно, инцидентот се случил на паузата, во соблекувалната, каде Маркота ја треснал вратата, а потоа Јовановиќ му се внел во лицето. Драмата продолжила и по натпреварот по што на Маркота му е порачано дека не мора да доаѓа на тренинг следниот ден, а се погласно се шпекулира дека дефинитивно ќе ја напушти Цибона.

Двајцата не сакаа да го коментираат инцидентот пред новинарите, исто како и клубот кој не објави официјално соопштение. Маркота беше играч на Цибона во дури четири наврати. Таму ја почна кариерата и играше од 2001 до 2006 година, потоа во 2015, па во 2018/19 кога ја освои шампионската титула, а последното враќање беше во октомври 2020 година.

0Shares
0 0