Еден од членовите на „златната“ генерација на Вориорс, Дрејмонд Грин потпиша нов, четиригодишен договор со својот тим, на отворањето на преодниот рок во НБА лигата.
Неодамна тој избра да стане слободен агент по што многумина помислија дека ќе си замине од Сан Франциско, но со ова покажа дека за него постои само еден тим на светот. Со оглед на тоа што има 33 години, ако го одработи овој договор до крај, тоа најверојатно ќе значи дека кариерата ќе ја заврши во Голден Стејт, а вкупно во оваа франшиза ќе помине неверојатни 16 сезони.
Во следните четири години, Грин ќе добие вкупно 100 милиони долари со тоа што има опција пред почетокот на последната сезона да си замине. Досега, тој одигра 758 натпревар за Вориорс со просек од 8,7 поени, 7 скока и 5,6 асистенции.