Два пораза на младинките од Црна Гора

0Shares
0 0

Првите два подготвителни натпревари на женската М20 репрезентација на Македонија завршија со убедливи порази.

Нашите младинки гостуваа во Подгорица каде одиграа дуели со селекцијата на Црна Гора. Првиот меч, во вторникот, им припадна на домаќинките со 80-50, а вчерашниот со 46-24.

Црна Гора е еден од противниците на Македонија и на Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје од 9 до 17 јули. Пред почетокот на шампионатот, нашата селекција ја очекуваат уште два подготвителни дуела со Швајцарија.

0Shares
0 0