Вашингтон Стејт Универзитетот го претрпе првиот пораз оваа сезона откако загуби од Мисисипи Стејт со 64-76.
Овој меч се броеше и за Tip Off Tournament, нешто слично на новоформираниот InSeason во НБА лигата. Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски помина 33 минути на теренот и за тој период постигна 7 поени и 7 скока со шут 1/5 за три, 2/3 за два, а додаде уште една асистенција.
Својот следен натпревар, Вашингтон Стејт Универзитетот го игра веќе утре против Роуд Ајленд