Двоен освојувач на ЛШ и полуфиналист во Еврокупот испаднаа од АЦБ лигата

0Shares
0 0

Екипите на Андора и Бургос идната сезона ќе натпреваруваат во Втората лига на Шпанија откако во оваа натпреварувачка кампања ги освоија последните две места во елитната дивизија.

Пред последното коло Бургос имаше само теоретски шанси за спас и зависеше од другите екипи, а на крајот и загуби од Фуенлабрада на домашен терен со 66-83. На Андора ѝ требаше победа синоќа против Тенерифе затоа што во таков случај ќе се направеше круг од четири екипи со ист број бодови во кој таа не беше најслаба. Сепак, доживеа пораз од 75-77 и се сели во понизок ранг.

Претходните, како и оваа сезона, Бургос и Андора беа мошне успешни во меѓународните купови. Во 2020 и 2021 година Бургос ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, а лани триумфираше и на Интерконтиненталниот куп. Оваа сезона ја почна со намалени амбиции, намален буџет, тренерот Пењароја се пресели во Валенсија, а најдобриот играч Мекфејден во Мурсија и тоа се одрази на резултатите.

Андора оваа сезона стигна до полуфиналето на Еврокупот каде загуби од Бурсаспор, а претходните години имаше значајна улога во шпанската кошарка, пласирајќи се неколку пати во плејофот и во завршницата од Копа дел Реј.

На коло пред крајот на Втората лига, јасно е дека во елитата ќе се пласира Гранада, а вториот патник ќе биде познат по плејофот.

0Shares
0 0