Една екстра четвртина му донесе победа на Еуро Никел

0Shares
0 0

Актуелниот вицешампион ја оствари третата победа во низа, по лошиот старт на сезоната во кој се најде во долниот дел на табелата.

Според очекувањата, Еуро Никел славеше на гостувањето кај МЗТ Скопје УБ со 81-66 во меч кој беше решен веќе по првото полувреме, односно благодарение на втората четвртина. Пресудна беше серијата од 12-0 пред крајот на првиот и почетокот на вториот квартал по која кавадарчани поведоа со 27-15 за на полувреме да биде 47-26 во корист на гостинската екипа.

На четири минути пред крајот на третата четвртина, Еуро Никел ги достигна највисоките +28 (62-34), а МЗТ Скопје УБ до крајот успеа барем делумно да го ублажи поразот.

За одбележување од овој натпревар е дебито на двајцата турски интернационалци во редовите на МЗТ Скопје УБ, 17-годишните Јигитоглу и Доган. Сепак, најдобар играч беше Рансом кој постигна 20 поени. Кај Еуро Никел, по 16 постигнаа Соколов и Ѓекиќ.

0Shares
0 0