Една Митрашиновиќ – недоволна за да се победи Бадел

0Shares
0 0

Кошаркарките на Бадел направија голем чекор кон првата стартна позиција на крајот од основниот дел од сезоната, совладувајќи го Баскет Кам во Македонска Каменица со 78-68.

Ова беше прв дуел на најсериозните кандидати за шампионската титула во домашното првенство и прв пораз на Баскет Кам во актуелната сезона во која има највисоки амбиции. Победникот го одлучи серијата од 19-0 на Бадел во последната четвртина по која од 54-60, поведе со недостижни 73-60.

Всушност, Баскет Кам беше рамноправен додека играше Анжелика Митрашиновиќ. Последниот кош, пред серијата на Бадел, таа го постигна во првиот напад од последната четвртина за водство на нејзиниот тим со 57-52. На четири минути пред крајот ја направи петтата лична грешка и тука беше крај на сите надежи на домашната екипа.

Таа беше убедливо најдобра кошаркарска во тимот на Баскет Камп со постигнати 37 поени и 7 скока иако имаше и 6 загубени топки. Бадел имаше две како неа: Нена Трајчевска постигна 31 поен и 15 скока за индекс 37, а Александра Стојановски постигна 25 поени, 6 скока, 4 асистенции и 6 украдени топки.

0Shares
0 0