Една очајна четвртина го уништи целиот ефект на репрезентативките

0Shares
0 0

Женската македонска сениорска репрезентација го одигра својот најдобар натпревар во квалификациите за Европското првенство во 2023 година.

Поточно најдобри 30 минути или најточно, најдобро прво полувреме. Во тој прв дел, нашите дами изгледаа тотално различно од она издание против Белгија пред неколку дена, ја надиграа Германија и најавија дека можат да дојдат до големо изненадување. На крајот загубија со 47-71, но само поради една очајна четвртина во која беше евидентно дека се при крај со силите.

Благодарение на добрата игра во нападот, а уште подобра во одбраната, Македонија речиси се држеше во водство. Блескаше Мерит Хемпе која во првото полувреме постигна 13 поени, а нашата репрезентација по 29-25, дојде на 35-27 со кои ги затвори првите 20 минути.

Пресвртот беше најавен во третата четвртина која Германија ја заврши со минимална предност од 46-44, а во последната веќе дојде до целосен колапс во нашата селекција. Постигна само три поени, сите три на Хемпе, па на Германките не им беше тешко, мирно да го приведат мечот кон крај.

Хемпе беше најефикасна во македонската селекција со 20 поени, единствена со двоцифрен ефект во нашиот тим на овој меч.

0Shares
0 0