Она што долго време се шпекулираше, денеска доби потврда откако аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоса потпиша тригодишен договор со Панатинаикос.
Искусниот бек беше главна цел на новиот тренер на ПАО, Ергин Атаман и затоа се очекуваше крајот на финалната серија во АБА лигата за да се официјализира трансферот. Договорот денеска го објавија и Панатинаикос и Звезда.
Вилдоса дојде во белградскиот клуб минатото лето во еден од најспектакуларните трансфери во 2022 година. Брзо стана еден од носителите на играта и има голема заслуга за трофеите во српскиот Куп и првенството.