Ефес фаворит за титулата и идната сезона, Партизан пред Звезда

0Shares
0 0

Двојниот последователен шампион во Евролигата, Анадолу Ефес е прв фаворит на обложувалниците за титулата и за претстојната сезона во елитното натпреварување.

Квотата на турскиот клуб изнесува 4, а зад него се Реал Мадрид со 4,5 и Барселона со 5. Интересно е тоа што ниедна екипа не успеала три пати по ред да стане европски шампион уште од Југопластика во периодот од 1989 до 1991 година. Во историјата на елитното натпреварување, само уште АСК Рига ја освојувала титулата три сезони по ред, од 1958 до 1960 година.

Еден куриозитет е врзан и за српските клубови Партизан и Црвена Звезда кои претстојната сезона првпат ќе играат меѓу себе во Евролигата. Партизан е повратник во елитното друштво по пауза од осум години, а сепак е поголем фаворит во однос на својот градски ривал. Квотата на „црно-белите“ изнесува 41, а на Звезда 81.

0Shares
0 0