Од минатиот месец е познато дека Ергин Атаман на крајот од сезоната ќе го напушти Анадолу Ефес и ќе го преземе Панатинаикос, а раководството на клубот по се изгледа ја најде замената за него.
Станува збор за досегашниот предводник на Турк Телеком, Ердем Џан кој со тимот од Анкара беше едно од најпријатните изненадувања во турската и европската кошарка. На првото место го заврши основниот дел од турското првенство за во полуфиналето да загуби од Каршијака, а во Еврокупот стигна до финалето каде доживеа пораз од Гран Канарија.
Џан има 42 години, една сезона беше во стручниот штаб на Јута Џез, а претходно, седум години му беше помошник на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче. Заедно со него, се очекува во Ефес да заминат и досегашните играчи на Турк Телеком, Тајрик Џонс и Еркан Јилмаз.