Откако лани загуби во финалето од Фенербахче, Анадолу Ефес ја врати во свој посед шампионската титула во турското првенство.
Најголем дел од својата работа, поранешниот европски шампион заврши во полуфиналето кога го елиминира токму Фенер, па во финалната серија беше апсолутен фаворит против Каршијака која направи мало изненадување и го исфрли Турк Телеком, најдобриот тим од основниот дел од сезоната. Интересно е тоа што во првиот полуфинален меч, Анадолу Ефес постави неславен рекорд откако загуби од Фенербахче со 42 поени разлика, но потоа триумфираше на следните три меча против градскиот ривал за на крајот да ја оправда својата улога и против Каршијака.
Kupa 16. kez Anadolu Efes oyuncularının ellerinde! 🏆
#HouseOfBlue#BenimYerimBurası#KupanınYeriBurası pic.twitter.com/oTFLMG134D— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) June 17, 2023
Финалето заврши со 3-0, а во натпреварот за шампионска титула, денеска како гостин Ефес славеше со 83-74, благодарение на серијата од 9-0 во последните две минути. Доминираше Василије Мициќ кој постигна 29 поени, плус 7 асистенции и 1 скок како резултат на што беше прогласен и за МВП на финалето. За Анадолу Ефес ова е рекордна 16. титула во домашниот шампионат со што останува убедливо најтрофејна екипа во турското првенство.

Во исто време, денешниот натпревар беше последен за Ергин Атаман на клупата на овој тим. Идната сезона тој ќе го води Панатинаикос, а неговото место во Анадолу Ефес ќе го пополни досегашниот тренер на Турк Телеком, Ердем Џан.