Ефремовски и идната сезона во родниот град

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски го продолжи договорот со Гостивар на уште една сезона.

Тој се врати во родниот град минатото лето кога по долги години го напушти Работнички и одлучи кариерата да ја продолжи блиску до својот дом. Беше еден од најдобрите во сезоната што помина, одигра 32 натпревара со ефект од 12,6 поени, 4,3 скока и 3,2 асистенции со просечен индекс 13,2.

Ефремовски е четврти кошаркар што го продолжи договорот со Гостивар ова лето по браќата Димитриевски и Војче Лефкоски. Во меѓувреме, екипата се засили со повремениот репрезентативец Максим Митевски и грузискиот интернационалец Ѓорги Корсантија.

0Shares
0 0