Екс-играчот на МЗТ подобар од екс-играчот на Работнички во германскиот плејоф

0Shares
0 0

Екипите на Лудвигсбург и Улм одиграа извонредно возбудлив и интересен натпревар, на почетокот од плејофот во Бундеслигата.

Победија домаќините со 104-99 дури по две продолженија откако по 40 минути игра беше 83-83, а по 45 и 90-90. Во двете екипи има по еден кошаркар кој во минатото настапувал во македонското првенство, а двајцата беа меѓу најдобрите на денешниот натпревар.

Поуспешен беше некогашниот играч на МЗТ Скопје, Џејмс Вудард бидејќи славеше неговиот тим, а тој го заврши заврши натпреварот со 18 поени, 9 скока и 6 асистенции. За Улм играше поранешниот играч на Работнички, Шон Еванс кој исто така имаше забележителна улога, постигнувајќи 16 поени, 9 скока и 3 асистенции. Најефикасен на мечот беше Блосомгејм со 41 поен, но и тоа не беше доволно за Улм да слави.

Во првата рунда од плејофот на Бундеслигата дебитираше и тимот на Кемниц во чиј стручен штаб е Ѓорѓи Кочов, а кој загуби од Баерн со 53-77.

0Shares
0 0