Екс-играчот на МЗТ потпиша со Задар, но само на три месеци

0Shares
0 0

Довчерашниот кошаркар на МЗТ Скопје, Хуан Дејвис ќе ја продолжи својата кариера на Балканот, но во тимот на Задар.

Со поранешниот хрватски шампион, тој потпиша договор на три месеци, односно до крајот на 2022 година по што постои можност соработката да биде продолжена, ако двете страни се задоволни.

„По добро одработениот турнир во Франција, проценка на стручниот штаб беше дека ни недостасува играч кој може да помогне во играта под кошевите. Со оглед на зацртаниот буџет, договорот е потпишан на три месеци, но можно е да биде продолжен“, изјави спортскиот директор на Задар.

Ова значи дека се уште не е сигурно дали Дејвис со својот нов тим ќе гостува во Скопје. Дуелот против МЗТ во Аеродром е на програмата во 24. коло, а тоа се игра дури на почетокот на април.

0Shares
0 0