Десетина часа откако објави дека ја прекинува соработката со Серџо Скариоло, италијанскиот вицешампион Виртус објави дека веќе има нов тренер.
На клупата на тимот од Болоња ќе седне актуелниот селектор на Летонија, Лука Банки кој беше прогласен за најдобар на неодамна завршеното Светско првенство. За 58-годишниот стручњак тоа ќе биде кам-бек во италијанската кошарка по една сезона во францускиот Стразбур, а последен тим од татковината кој го водеше беше Пезаро. Во својата четиридецениска кариера, Банки беше на клупата на многу италијански клубови, вклучувајќчи ја Олимпија Милано, како и Монтепаски Сиена во деновите на нејзина најголема доминација.
Новиот тренер на Виртус ќе има само една недела да ја подготви екипата за новата сезона бидејќи идниот викенд се игра Суперкупот на Италија каде екипата од Болоња во полуфиналето ќе се сретне со Олимпија Милано.