Неколку минути откако Никола Миротиќ преку социјалните мрежи објави дека нема да го облече дресот на Партизан, со реакција се јави шампионот на АБА лигата кој ја објасни целата ситуација од почетокот на преговорите.
Црногорецот со шпански пасош соопшти дека трпел закани и дека тоа е главната причина што ја одбива понудата на Партизан, па од клубот, меѓу другото, побараа да каже кои се тие што му се заканувале.
„И покрај вложените напори и преговорите кои траела неколку недели, нема да го ангажира еден од најдобрите европски кошаркари во моментов Никола Миротиќ. Интересот за кошаркарот од страна на клубот датира од јуни кога се појави информацијата дека Миротиќ ќе го раскине договорот со Барселона.
Претседателот Мијаиловиќ, извршниот директор Савиќ и тренерот Обрадовиќ неколку пати уверуваа дека нема причина за загриженост и дека тој е повеќе од добредојден во Србија. Исто така, клубот веднаш ги контактираше највисоките државни органи дека и најситните сомнежи се елиминирани, за се горенаведено постојат пишани докази во форма на електронска пошта или порака.
КК Партизан сака да истакне дека пред 15-тина дена Никола Миротиќ му даде збор на тренерот Обрадовиќ, а потоа и на претседателот Мијаиловиќ и капитенот Пантер дека ќе стане играч на Партизан. Исто така, во овој период неколку пати се распрашуваше околу тоа кои играчи планираме да ги донесеме ова лето.
Клубот јавно го повикува Никола Миротиќ во интерес на вистината за која тој се бори, да каже кои се тие лице кои му се заканувале. Партизан цврсто верува дека причините за непотпишувањето на договорот од страна на Никола Миротиќ немаат врска со никакви закани, туку со други работи во кои јавноста ќе може да се увери следните денови. Партизан се врти кон други решенија на пазарот и со непроменети амбиции влегува во сезоната 2023/24“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Партизан.
Во досегашниот дел од летото, белградскиот клуб донесе само две задсилувања: Огњен Јарамаз од Баерн и Матеуш Понитка од Панатинаикос.