Експресна реакција на Комесарот: Гостивар и Пелистер казнети со 321 илјада денари, суспендирани тренерите и двајца играчи

0Shares
0 0

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација, Александар Милојевиќ донесе одлука за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар меѓу Гостивар и Пелистер.

Двата клуба треба да платат вкупна сума од 321 илјада денари, а суспендирани тренерите на двете екипи Илиевски и Димитриевски и двајца кошаркари. Поголем дел од паричната казна оди за Гостивар кој ќе плати 165 илјади денари, а во следните два меча ќе игра без публика. Одлуките и образложението на Милојевиќ се во продолжение:

„Натпреварот одигран на 15.05.2022 година помеѓу екипите на КК „ГОСТИВАР“ ОД Гостивар и КК „ПЕЛИСТЕР“ од Битола се регистрира со постигнатиот резултат согласно членот 50.1 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги.

ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ:

Поради слаба организација согласно членот 54.26, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со парична казна од 8.000 денари,

Поради фрлање на тврди предмети кои може да причинат повреда (запалки, метални пари, пенкала, пластични шишиња и сл.) согласно членот 55.3, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со парична казна од 24.000 денари,

Поради фрлање на тврд предмет (пластично шише) со кој е погоден тренерот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Марјан Илиевски, согласно членот 55.10, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со парична казна од 64.000 денари и два (2) натпревари настап без публика на домашен терен.

ЗА ЕКИПАТА НА КК „ГОСТИВАР“:

Поради агресивност на физиотерапевтот на КК „ГОСТИВАР“, Ѓорѓески В., и обид физички да се пресмета со играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Стајиќ Б., согласно членот 56.4, истиот се казнува со два (2) натпревара забрана на вршење должност, коло 9 и 10 – Супер лига.

Тренерот на КК „ГОСТИВАР“, Димитриески Н., согласно членот 39.2.2, односно 39.2.3 од Официјалните кошаркарски правила на ФИБА е одговорен за клупата! Истиот активно не учествувал да ја спречи ситуацијата која води кон тепачка и за тоа, согласно членот 56.4 се
казнува со парична казна од 24.000 денари и забрана на вршење должност на еден (1) натпревар, коло 9 – Супер лига.

Поради напуштање на клупата во ситуација која води кон тепачка и нивно отстранување од натпреварот, согласно членот 56.1, службените лица:
– Замениците (играчи) на КК „ГОСТИВАР“, Димитриевски Р., Димитриевски Р., Гатлин С., Стојаноски Т., Јовицоски З., Серафимовски В. и Левкоски В. се казнуваат со парична казна од 5.000 денари за секој поединечно, и право на настап во следното 9 коло – Супер лига.
– Помошникот тренер на КК „ГОСТИВАР“, Петар Ангелов се казнува со парична казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло – Супер лига,
– Техничкиот раководител на КК „ГОСТИВАР“, Ѓорѓи Божиновски се казнува со парична казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло – Супер лига.

ЗА ЕКИПАТА НА КК „ПЕЛИСТЕР“:

Поради активно учество во тепачка, играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Бобан Стајиќ, согласно членот 56.4, се казнува со забрана на вршење должност на два (2) натпревара, коло 9 и 10 – Супер лига.

Поради фрлање на тврд предмет кон публиката во салата „МЛАДОСТ“, член 61.3 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Стајиќ Б. се казнува со парична казна 32.000 денари согласно членот, 15.2 и 17 од Дисциплинскиот правилник на КФСМ.

Поради фрлање на тврд предмет кон публиката во салата „МЛАДОСТ“, член 61.3 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Најдовски Д. се казнува со парична казна 32.000 денари согласно членот, 15.2 и 17 од Дисциплинскиот правилник на КФСМ.

Поради неспортски однос кон публиката и туркање на клупата со заштитна ограда на гостинската екипа, тренерот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Илиевски М., согласно членот 56.4 се казнува со парична казна од 24.000 денари и забрана на вршење должност на еден (1) натпревар, коло 9 – Супер лига.

Играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Малешевиќ Н, согласно 61.2 и 61.3 поради неспортски однос кон публиката со изречени навреди и пцости кои ја испровоцирале истата да фрлаат тврди предмети на теренот се казнува со парична казна од 15.000 денари, (член 15.2 и 17 од Дисциплински правилник).

Поради напуштање на клупата во ситуација која води кон тепачка и нивно отстранување од натпреварот, согласно членот 56.1, службените лица:
– Замениците (играчи) на КК „ПЕЛИСТЕР“, Ѓуроски С., Пајиќ П. Најдовски Д., Хаугтон Д. Трајковски Г. и Крстајиќ С. се казнуваат со парична казна од 5.000 денари за секој поединечно, и право на настап во следното 9 коло – Супер лига.
– Помошникот тренер на КК „ПЕЛИСТЕР“, Дејан Илиевски се казнува со парична казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло – Супер лига,
– Техничкиот раководител на КК „ПЕЛИСТЕР“, Димитар Богоевски се казнува со парична казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло – Супер лига.
– Службениот претставник на КК „ПЕЛИСТЕР“, Мартин Јовановски се казнува со парична казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло – Супер лига.
– Физиотерапевтот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Јован Боглев се казнува со парична казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло – Супер лига.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На натпреварот одигран на 15.05.2021 година помеѓу екипите на КК „ГОСТИВАР“ и КК „ПЕЛИСТЕР“, по увидот од службената документација од натпреварот утврдено е дека:

За време на прекинот во четвртата (4) четвртина, 6:56, дел од навивачите навредливо се обратиле кон противничкиот играч Малешевиќ кој влегол во вербален дуел со истите и заработил Техничка Грешка (ТГ).

Во овој момент, многубројни меки и тврди предмети биле фрлени на теренот и околу клупите и записничката маса од кои неколу паднале на клупата на гостинската екипа КК „ПЕЛИСТЕР“, при што бил погоден со пластично шише тренерот на истата, Илиевски М. кој паднал на подот. После кратката интервенција, истиот се подигнал и влегол во вербален дуел со публиката, при што ја турнал клупата и заштитната ограда на истата.

Во периодот на прекинот, исто така се случил вербален и физички контакт помеѓу заменикот играч на гостинската екипа Стајиќ Б. и физиотерапевтот на домашната екипа Ѓорѓески В., која исто така доведе до фрлање на предмети како од страна на публиката кон играчите на КК „ПЕЛИСТЕР“ така и од страна на играчите со број 4, Стајиќ Б. и број 3, Најдовски Д. кон публиката.

После немилите сцени донесена е одлука натпреварот да се прекине се до празнење на салата и отсранување на сите актери кои на директен, или индиректен начин според Официјаните кошаркарски правила на ФИБА учествувале во инцидентот, или не влијаеа истиот да се спречи.

После прeкин од 1 час 25 минути натпреварот е продолежен со дозволениот број играчи на теренот (5+5) без било кои други актери на теренот и натпреварот е завршен мирно и без поголеми
потешкотии.“

0Shares
0 0