По две сезони во Европа, австралискиот кошаркар Данте Ексум повторно ќе игра во НБА лигата откако доби договор со екипата на Далас Маверикс.
Во 2014 година тој беше избран како петти пик на драфтот, од Кливленд Кавалирс, но никогаш до крај не го истакна својот квалитет и талент. Двете сезони во европската кошарка, по една во Барселона и Партизан му помогнаа да ја врати самодовербата, па се очекува со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг да има многу поважна улога и позначаен придонес во играта на тимот од Тексас.
Договорот со Далас е на една сезона и е на износ на ветерански минимум кој се одредува според сезони кои кошаркарот ги поминал во лигата. За играч со седум години, тој изнеадува 2,4 милиони долари бруто, односно околу 1,4 милиони долари нето од што станува јасно дека Ексум не оди во НБА поради пари, туку да се обиде да се докаже во најсилната светска кошаркарска лига.
Австралиецот е втор играч на Партизан што ги напушти редовите на тимот по завршувањето на сезоната, по Матијас Лесор кој замина во Панатинаикос. Договорот во меѓувреме го продолжи капитенот Кевин Пантер.