Еуро Никел мора да најде начин да го победи шампионот

0Shares
0 0

Трите порази во низа во првенството и седумте по ред во меѓусебните дуели со МЗТ Скопје создаваат немир кај Еуро Никел во пресрет на денешниот натпревар во Кавадарци.

Од убедлива предност во однос на ривалите за пласман во плејофот, поранешниот шампион се најде во ситуација да стравува за местото во разигрувањето бидејќи има незгоден распоред до крајот. Гостивар веќе го престигна на табелата, а блиску е и ТФТ кај кого Еуро Никел треба да гостува идната недела.

По трите „врзани“ порази, денеска му следува дуелот со МЗТ Скопје кого Еуро Никел не го победил од 16 декември 2020, а на домашен терен не славел од 1 декември 2019 година. Шампионот е и една од само двете екипи кои сезонава славеа во Кавадарци како гости и тоа на почетокот од првенството, во третото коло кога триумфираше со 75-69. Еуро Никел е во серија од десет победи на домашен терен, но можеби најважниот тест ќе го има вечерва. Дуелот е од големо значење и за МЗТ Скопје кој ја продолжува потерата по Пелистер.

Останатите два меча од седмото коло на Суперлигата се на програмата утре, а двата се од големо значење. ТФТ го пречекува Пелистер, а Феникс е домаќин на Гостивар. Ниедна од овие четири екипи не смее да си дозволи пораз.

Во борбата за опстанок останува уште една непозната – кој ќе му прави друштво на МЗТ Скопје во Втората лига. Можно е денеска да се добие одговор на оваа дилема ако Ангели загубат од Навико Академија ФМП или Кожув победи на гостувањето кај Куманово.

фото: КФСМ

0Shares
0 0