Еуро Никел повторно подобар од Кожув

0Shares
0 0

Поранешниот шампион на Македонија вторпат за една недела беше подобар од Кожув во меѓусебните подготвителни дуели за новата сезона.

Пред осум дена во Гевгелија славеше со 84-74, а синоќа на домашен терен го победи со 99-74. Лука Стојановски со 15 поени беше најефикасен кај Еуро Никел, а Соколов и Планиниќ додадоа по 13.

Утре Еуро Никел игра против Гостивар во Кавадарци, а потоа почнуваат финалните подготовки за стартот на новата натпреварувачка кампања.

0Shares
0 0