Евролига го казни газдата на Панатинаикос со 140 илјади евра

0Shares
0 0

Додека ПАО попладнево водеше битка со градскиот ривал Олимпијакос, на негова адреса стигна „честитка“ од Евролигата.

Поради критики и навреди на сметка на организацијата и на првиот човек Жорди Бертомеу, сопственикот на атинскиот клуб Димитрис Јанакопулос е казнет со 140 илјади евра. Со ова е продолжена војната меѓу двете страни која трае неколку години, а во која, најчесто, подебелиот крај го извлекува Јанакопулос.

Казни се изречени и за тренерот на Панатинаикос, Димитрис Прифтис и неговиот колега од Олимпијакос, Јоргос Барцокас. Прифтис ќе плати 3.000, а Барцокас 4.500 евра поради „непочитување кон судиите“ на натпреварите на своите екипи.

0Shares
0 0