Новиот директор на Евролигата, Паулиус Мотиејунас откри дека менаџментот на ова натореварување сериозно размислува за неколку големи промени во начинот на функционирање.
Од натпреварувачки аспект, планирано е да се воведе плејин, по примерот на НБА лигата, а со цел повеќе екипи да учествуваат во разигрувањето. Сезонава која помина, имаше неколку тимови кои останаа куси за една победа од пласман во плејофот, па на такви ќе им се даде уште една шанса да влезат во топ-8. Сепак, тоа дополнително ќе го згусне распоредот и прашање е како ќе се најдат нови термини ако се знае дека оваа сезона, четвртфиналето заврши на десет пред почетокот на Ф4 во Каунас.
Втората промена која ја планира Евролигата е во доменот на финансиите и повторно по примерот на НБА. Елитната европска организација сака да воведе селари кап – одредување на буџет за плати, еднаков за сите. Прашање е дали е тоа возможно во Европа бидејќи тука клубовите доаѓаат од различни држави, за разлика од НБА каде настапуваат само американски и една канадска екипа.