Евролигашко засилување за Србија пред дуелот со Белгија

0Shares
0 0

Српската репрезентација го загуби Ален Смаилагиќ поради повреди, но на гостувањето во Белгија ќе има соодветна, можеби и подобра замена.

Во текот на денов, во Белград пристигна кошаркарот на Анадолу Ефес, Филип Петрушев кој синоќа со својот тим играше против Фенербахче и денеска потоа се упати кон својата татковина каде веќе одработи еден тренинг со соиграчите од националниот тим.

Србија ја очекува тешко гостување кај Белгија, во второто коло од квалификациите за Светското првенство. Во нормални услови, тимот на Светислав Пешиќ би бил огромен фаворит, но со оглед на тоа што не играат НБА и евролигашките кошаркари, српската репрезентација е сведена на дебитанти и играчи без големо искуство.

0Shares
0 0