Иако требаше да има одредени промени, пред се поради победникот во Еврокупот, Евролигата и во новата сезона ќе биде со истите 18 екипи кои настапуваа во претходната.
Гран Канарија како шампион на Еврокупот официјално го откажа своето учество во елитното натпреварување, Турк Телеком како финалист не доби специјална покана, па местото на шпанскиот тим ќе го пополни Црвена Звезда. Тоа значи дека, освен белградскиот клуб, во Евролигата во новата сезона ќе играат: Алба, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Асвел, Баерн, Барселона, Басконија, Фенербахче, Макаби, Монако, Олимпијакос, Панатинаикос, Партизан, Реал, Валенсија, Виртус и Жалгирис.
The previous season was the most competitive one in league history…
𝗟𝗘𝗧’𝗦 𝗥𝗨𝗡 𝗜𝗧 𝗕𝗔𝗖𝗞 🔁
The confirmed teams for the 2023-24 EuroLeague season👀 pic.twitter.com/DJp34B7cDv
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) June 29, 2023
Потврдена е новината во системот на натпреварување, односно воведувањето плејин, по примерот на НБА лигата. Директен пласман во плејофот ќе обезбедат само првопласираните шест екипи, а оние од седмото до десеттото место дополнително ќе разигруваат за да влезат во борбата за титулата.