На вчерашниот натпревар против Олимпијакос, Партизан го собори рекордот за оваа сезона во Евролигата со тоа што мечот го следеа 20.003 гледачи.
Тоа беше прв дуел во елитното европско натпреварување во оваа кампања на кој имало повеќе од 20 илјади посетители, но тоа не е ништо ново за Партизан кога станува збор за клупската историја. „Црно-белите“ не само што се апсолутни рекордери оваа сезона, туку ги имаат осумте најпосетени натпревари во историјата на Евролигата. Три од нив се оваа сезона.
Рекордот на Евролигата е од топ-16 фазата во сезоната 2008/09, против Панатинаикос, во мечот кој одлучуваше за пласман во плејофот. Тогаш, во белградската Арена беа присутни 22.567 гледачи.