Европскиот првак ќе биде уште посилен

0Shares
0 0

Хрватскиот репрезентативец Анте Жижиќ е второ засилување за Анадолу Ефес по завршувањето на сезоната.

Довчерашниот играч на Макаби кој минатиот месец доживеа несреќа на првенствен натпревар и во прашање беше неговиот живот, потпиша договор со актуелниот европски првак на две години, со можност за продолжување на уште една. Жижиќ има 25 години и искуство од НБА лигата бидејќи три сезони беше член на Кливленд Кавалирс.

Пред него, Анадолу Ефес се засили со Кајл Хајнс што значи дека во новата сезона ќе биде уште посилен и не само што ќе се обиде да направи хет-трик во Евролигата, туку и да ја врати доминацијата во турското првенство кое оваа сезона беше прекината од Фенербахче.

0Shares
0 0