Без изненадувања помина воведниот круг од Европското првенство во кадетска конкуренција кое денеска почна во Скопје.
Покрај победата на македонската репрезентација против Белгија со 73-67, колото го одбележаа двата дерби дуела. Во нашата група, бранителот на титулата Литванија беше подобар од Франција со 102-94, а во групата Д, Грција неочекувано убедливо ја совлада Србија со 75-55.
Исклучително моќно одигра репрезентацијата на Шпанија која го совлада Израел со 116-61, а веднаш по неа се Германија која ја прегази Финска со 96-57 и Италија која со 101-68 беше подобра од Турција.
РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
ГРУПА А
Италија – Турција 101-68
Словенија – Црна Гора 84-67
ГРУПА Б
Македонија – Белгија 73-67
Литванија – Франција 102-94
ГРУПА Ц
Шпанија – Израел 116-61
Германија – Финска 96-57
ГРУПА Д
Полска – Летонија 94-60
Грција – Србија 75-55