Европското првенство како лекција за Лука Дончиќ

0Shares
0 0

Иако со 23 години е планетарна мега ѕвезда и освоил речиси се што може да се освои, Лука Дончиќ признава дека допрва учи некои работи за својата кариера.

Неодамнешното Европско првенство на кое Словенија потфрли и испадна во четвртфиналето, покажа дека се уште има простор за напредок, како во неговата игра, така и во однесувањето. Неколку пати беше фатен како гласно негодува, па дури и ги пцуе судиите, демонстрира нервоза на теренот, а сето тоа се одразува на играта и соиграчите.

„Поразот од Полска беше тежок за нас, противникот играше неверојатно и очигледно добро се подготвил за нас. Ние, едноставно, не бевме таму, не игравме како што знаеме и не стигна казната. Мислам дека на ова првенство доста научив, тоа е едно големо искуство за мене.

Научив како е да се биде лидер, да им се помага на другите. Научив и како треба и како не треба да се однесувам“, изјави Дончиќ.

За четири дена почнуваат тренинг камповите на НБА екипите, па словенечкиот ас ќе треба да покаже што научил во новата сезона во најсилната кошаркарска конкуренција.

0Shares
0 0