Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одлично ја почна новата сезона во НЦАА откако на првиот меч, против Ајдахо беше убедливо најдобар стрелец и играч.
Вашингтон Стејт Универзитетот славеше со 84-59, пред се благодарение на нашиот кошаркар кој постигна 21 поен за 33 минути во игра, а додаде уште две асистенци и четири скока. Ни блиску до него не беа соиграчите Рајс и Џонс кои го завршија натпреварот со по 13 поени.
Јакимовски ја почна својата четврта сезона во НЦАА во која треба да биде лидер на Кугарс и да се подготви за „професионална“ кошарка. Следниот меч на ВСУ е в сабота рано наутро, против Универзитетот Прејри Вју.