Фашистите од НБА го пуштија Меџик да игра со ХИВ, а нема да го пуштат Ирвинг

0Shares
0 0

Неколку американски политичари, претежно од Републиканската партија, деновиве жестоко ја напаѓаат НБА поради неможноста на Кајри Ирвинг да игра за Бруклин Нетс затоа што не е вакциниран.

Ултра десничарката Марџори Тејлор Грин отиде најдалеку, нарекувајќи ги челниците на НБА – фашисти.

„Овие фашисти од НБА нема да му дозволат на Кајри Ирвинг да игра затоа што не е вакциниран, но му дозволија на Меџик Џонсон да игра со ХИВ“, напиша таа на Твитер, а нејзиниот коментар предизвика лавина реакции и над осум илјади коментари.

Претходно, нејзини сопартијци објавија слични твитови во кои, исто така, се спомнуваше Меџик Џонсон кој пред три децении објави дека е позитивен на ХИВ, но сепак настапи на Олимписките игри во Барселона и потоа, во 1996 година, накратко, се врати на кошаркарските терени.

Кајри Ирвинг не планира да ја смени својата одлука во врска со вакцинацијата дури и по цена да биде раскинат неговиот договор во висина од 185 милиони долари.

0Shares
0 0