Федерацијата обезбеди топки за младинските лиги

0Shares
0 0

КФСМ ги продолжува планираните активности поврзани со подобрување на условите за работата на клубовите кои се дел од младинските лиги во сезоната 2020/2021.

За таа цел, издвоен е дел од планираните финансиски средства со кои е обезбедена одредена количина на кошаркарски топки.

Секој клуб кој е пријавен во системот за натпреварување во младинските лиги за сезоната 2020/2021, ќе добие по десет (10) кошаркарски топки од компанијата „WILSON “ (пет (5) со големина „5“ и пет (5) со големина „6“).

Сите клубови кои се натпреваруваат во младинските лиги (машка и женска конкуренција) ќе можат да ги подигнат топките од канцеларијата на младински лиги.

0Shares
0 0