Поранешниот европски шампион Фенербахче за еден ден се засили со двајца кошаркари на центарската позиција.
Станува збор за грчкиот играч Јоргос Папајанис кој доаѓа од Панатинаикос и повратникот во турската кошарка Сертач Шанли кој претходните две сезони играше во Барселона. Папајанис беше актуелен оваа недела поради револтот што го предизвика кај сопственикот на ПАО, Димитрис Јанакопулос бидејќи тој инсистираше да го задржи во екипата за претстојната сезона.
Шанли неодамна си замина од Барселона откако дозна дека не е во плановите на новиот тренер Роџер Гримау. Пред да дојде во Каталонија, тој беше член на Анадолу Ефес, но во иднина ќе го носи дресот на најголемиот ривал.