Амбициозниот менаџмент на Феникс почна со активностите поврзани со новата сезона откако денеска договори двајца американски кошаркари.
Станува збор за Диандре Томас, кошаркар кој игра на позицијата два и крилниот центар Кајлекс Стивенс.

Томас има 24 години и во Македонија доаѓа од универзитетот Маунт Сент Мерис. Минатата сезона просечно постигнувал по 7,4 поени, 2,7 скока и 2,3 асистенции. Кајлекс Стивенс настапувал за Индијана Стејт каде последната сезона има ефект од 7 поени и 3,9 скока.

Минатите сезони, откако е во Првата лига, Феникс одлично ги бираше странските кошаркари, па не треба да има сомнеж дека и сега, раководството и стручниот штаб направиле вистински избор.