Најдобриот играч на Феникс се сели во Унгарија

0Shares
0 0

По само шест одиграни кола, американскиот интернационалец Демонте Бакингем си замина од Феникс и од македонското првенство.

Негов нов клуб е прволигашот од Унгарија, Атомерому кој ја плати откупната клаузула и ги доби правата на 25-годишниот кошаркар. Бакингем беше најдобар играч на Феникс во досегашниот дел од сезоната, но и еден од најдобрите во Првата македонска кошаркарска лига. Член на Атомерому е уште еден играч кој минатата сезона настапуваше во Македонија, Дион Едвин, поранешниот член на Работнички.

На шесте одиграни натпревари, просечно постигнуваше по 19,2 поена, 8,3 скока и 3,7 асистенции, со индекс 24,5 убедливо најдобар во тимот. Благодарение, меѓу другото, на неговите одлични игри, Феникс се наоѓа на петтата позиција на табелата со биланс од четири победи и два пораза.

Во моментов, клубот од Гази Баба е со само еден странски кошаркар (Чарлс Фалден), па може да се очекува до следното коло да ги засили своите редови.

фото: КК Феникс

0Shares
0 0