Феникс и Струмица ќе се борат за титулата кај најмладите

0Shares
0 0

Денеска се играат натпреварите за пласман во М12 лигата, а пласман во финалето обезбедија екипите на Феникс и Струмица.

Во вчерашните полуфинални дуели, Струмица го победи Борец Баскет со 36-22, а Феникс беше подобар од Куманово со 47-32. Денеска од 17 часот се среќаваат Борец Баскет и Куманово во битката за третото место, а од 19 часот е мечот за титулата меѓу Феникс и Струмица.

Ова е прва од младинските категории во која ќе се доделат медалите. Останатите ќе се играат во следниот период.

0Shares
0 0