Феникс Санс оди на продажба

0Shares
0 0

Американскиот бизнисмен и сопственик на кошаркарските франшизи од Феникс, Роберт Сарвер соопшти дека ги става на продажба Санс и Меркјури, тимовите кои се дел од НБА и ВНБА.

Ова доаѓа неколку дена откакок Сарвер доби едногодишна суспензија поради зластавување на расна основа на свои вработени, а по повеќемесечна истрага што ја спроведе НБА. Освен тоа, казнет е и финансиски, со десет милиони долари, а тие пари ќе бидат проследени на организациите кои се занимаваат со расни и полни проблеми во и надвор од работната заедница.

„Зборовите поради кои сега се каам, ставија сенка на дведецениската изградба на оргрнизациите кои ги зближија луѓето. Какок верник, верувам во прошка и патот кон неа. Верував дека суспензијата од Комесарот ќе ми даде време да се фокусирам, да го исправам направеното и да ги тргнам личните контроверзи од екипата која многу ја сакаме.

Меѓутоа, во времето во кое живееме, ми стана јасно дека тоа нема да биде можно. Се добро што направив или би можел да направам е фрлено во сенка од она што сум го кажал. Поради тоа, тргнувам во потрага по купувачи за Санс и Меркјури. Не сакам да бидам деструкција на овие екипи и добрите луѓе кои работат таму“, стои во соопштението од Сарвер.

Во текот на истрагата се обработени разговори со 320 лица и анализирани над 80 илјади документи. Сарвер е обвинет дека барем пет пати расно ги навредил своите вработени, имал сексуални, неприкладни коментари на сметка на изгледот на жените, непримерно се однесувал со мажите и кон своите вработени.

Некои американски спортисти меѓу кои и Крис Пол, замерија што на Сарвер не му е одземена франшизата како што тоа беше случај со поранешниот сопственик на Лос Анџелес Клиперс, Доналд Стерлинг во 2014 година кога тој доби доживотна суспензија откако во јавноста излегоа снимки со негови расистички изјави. Комесарот на НБА, Адам Силвер се правдаше дека нема такви права.

0Shares
0 0