Како што неодамна најави КОШ.МК, финалистот во Купот на Македонија, Феникс го пријави своето учество во новото издание ид ФИБА Европа купот.
Ова е уште еден голем чекор за клубот од Гази Баба кој од година во година ги руши сите бариери. Освен тоа, дебитантското учество во ФИБА Европа купот ќе биде уште една голема можност за развој на младите кошаркари кои Феникс ги има во голем број.
Екипата ќе учествува во квалификациите, а својот противник ќе го дознае на ждрепката што ќе се одржи во текот на јули.