По ангажманот на Шакур Дениел, финалистот во Купот на Македонија, Феникс денеска ја пополни квотата за странски кошаркари за новата сезона откако постигна договор со Џо Рис.
И тој е 24-годишен, висок е 205 сантиметри, а може да игра на крилните позиции. Минатата сезона ја поминал на Универзитетот Дјукенс каде на 29 одиграни натпревари, просечно постигнувал по 9,6 поени, 4,7 скока и 1,3 асистенции.
Со договорот со Рис, а по претходните заминувања на Хот и Петков, јасно е дека Феникс во новата сезона ќе има нешто поискусен тим што и не е големо изненадување ако се знае дека тимот ќе се натпреварува во квалификациите за ФИБА Европа купот.