ФИБА е спремна на отстапки во спорот со Евролига, го подготвува и првиот чекор

0Shares
0 0

Од идната година, би можеле да гледаме некои од најдобрите европски кошаркари во квалификациите за Светското, а потоа и за Европското првенство.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Германија, Инго Вајс објави дека во ФИБА се подготвени на отстапки со цел да се реши спорот со Евролига, а со тоа и да е вратат големите кошаркарски ѕвезди во своите репрезентации во квалификациите. Прв чекор кон тоа е предлогот, ФИБА да се откаже од еден од „прозорците“ во текот на сезоната, ноемврискиот или февруарскиот, во зависност од договорот.

Сега се чека одговорот од Евролига која последните години упорно стои на својот став и не ги обврзува клубовите да ги ослободат своите кошаркари за настап во репрезентациите. Откако ФИБА го врати стариот систем на квалификации за големите натпреварувања, ниедна од селекциите од европскиот и светскиот крем не игра во најсилниот состав.

0Shares
0 0