Филип Ѓоревски нов извршен директор на МЗТ Скопје!

0Shares
0 0

Поранешниот капитен на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски во иднина ќе ја извршува функцијата спортски директор на клубот, на местото на Тони Грнчаров.

Ѓоревски е еден од омилените ликови кај навивачите на осумкратниот шампион, не само затоа што беше капитен на екипата, туку и затоа што остана во Аеродром кога на клубот му беше најтешко и кога му се закануваше згаснување. МЗТ Скопје успеа да ја „преживее“ таа сезона, но Ѓоревски си замина оттаму, за неколку месеци подоцна да стане дел од раководството на младинската школа на, сега, осумкратниот македонски шампион.

Под негово раководство, од сезоната 2011/2012, се до 2016/2017, Филип Ѓоревски со голем успех го градеше она што сега е МЗТ Скопје Аеродром – Младинска. По пауза од две години се врати назад во кошарката, како предводник на еден сосема друг, но кошаркарски проект наречен Академија ФМП – Скопје.

Четири години е носител на главната раководна функција во клубот кој од второлигаш стигна до Суперлигата, потоа во полуфиналето на плеј-офот во националниот Куп, а оваа година и да биде дел од Европа. Учествува во регионалната Балканска лига. Од Академија ФМП, сега со префикс Навико, создаде еден респектабилен
македонски прволигашки клуб пред кој има иднина.

Враќањето во МЗТ Скопје за Ѓоревски е во момент кога клубот е актуелен освојувач на тројната круна што од старт ја прави неговата работа исклучително тешка. Сепак, познатиот кошаркарски работник никогаш не се исплашил од предизвици, па така се очекува да биде и сега.

0Shares
0 0