По десетина дена одмор, претендентите за шампионската титула во македонското првенство претстојниот викенд ќе ја почнат финалната серија.
Првиот меч против Пелистер, МЗТ Скопје го закажа за 28 мај (недела) од 18 часот, а оваа сезона финалето ќе се игра по изменет систем во однос на минатата. Лани се менуваа домаќиинствата за секој натпревар и на сила беше системот 1-1-1-1-1. Годинава, првите два дуела се играат на теренот на МЗТ Скопје, па два во Битола и евентуалната „мајсторка“ во Аеродром.
Вториот натпревар е закажан за 31 мај од 19 часот, а шампионот за сезоната 2022/23 ќе се добие најрано на 3 јуни кога треба да се игра првата средба во Битола.