Физички нападната легендарната југословенска репрезентативка

0Shares
0 0

Синоќа околу 20 часот во Нов Белград дошло до конфликт меѓу 46-годишниот Н.Ј. и поранешната југословенска репрезентативка Анџелија Арбутина, објавија медиумите во Србија.

По вербален конфликт, Н.Ј. намерно со својот автомобил Волво удрил во возилото на Арбутина која била со своето малолетно дете. Потоа дошло до расправија по што напаѓачот ја удрил некогашната кошаркарка и ѝ го скршил зглобот на раката. Подоцна Н.Ј. бил приведен и против него е поднесена кривична пријава.

Арбутина беше член на легендарната југословенска репрезентација во која играше и Македонката, Стојна Вангеловска. На Олимписките игри во Сеул во 1988 година, таа го постигна победничкиот кош во полуфиналето против Австралија со кој Југославија се пласира во финалето.

0Shares
0 0