ФМП е сензацијата во Лигата на шампионите

0Shares
0 0

Српскиот претставник ФМП го направи најголемото изненадување во првата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите откако го победи Бреоган со 76-64.

Шпанскиот прволигаш, за кого минатата сезона играше Џанан Муса, беше најголем фаворит во групата во Белград во која се уште Опава од Чешка, Гмунден од Австрија, Парну од Естонија и Бакен Берс од Данска. АБА-лигашот беше далеку подобар во второто полувреме, но одлуката падна во последните седум минути од мечот. Дотогаш, предноста на ФМП изнесуваше само четири разлика (60-56), но потоа следуваше одличниот финиш на српскиот тим кој сега ги има сите услови да стигне до групната фаза од Лигата на шампионите.

Во полуфиналето, ФМП ќе игра со Опава, а втората двојка ја сочинуваат екипите на Бакен Берс и Гмунден.

0Shares
0 0