(ФОТО) Браќата Јокиќ добија засилување

0Shares
0 0

Иако Никола Јокиќ е една од најголемите ѕвезди во НБА и актуелен МВП во лигата, подеднакво внимание добиваат и неговите двајца контроверзи браќа.

Тие се присутни во секој инцидент во кој учествува кошаркарот на Денвер и последните две недели за нив постојано се пишува во американските медиуми. Најчесто тоа е во негативна конотација, како агресивни луѓе кои постојано бараат проблеми и на спортските борилишта и надвор од нив.

Деновиве Страхиња и Немања добија „засилување“ во Денвер, во менаџерот на нивниот брат Мишко Ражнатовиќ кој замина во кратка посета на Јокиќ. Пред два дена тој го проследи мечот меѓу Денвер и Филаделфија, се разбира во друштво на браќата на Никола и со тоа се пофали на социјалните мрежи.

0Shares
0 0