(ФОТО) Еднаш „Гробар“, цел живот „Гробар“

0Shares
0 0

НБА сезоната заврши за Богдан Богдановиќ, па тој веќе се врати во Белград и вечерва присуствуваше на натпреварот меѓу „неговиот“ Партизан и Будуќност, во полуфиналето од плејофот на АБА лигата.

Иако „црно-белите“ ги напушти пред осум години, српскиот репрезентативец не пропушта можност да ги следи нивните натпревари, кога времето и можностите му го дозволуваат тоа.

Но, љубовта кон Партизан не се однесува само на кошаркарот на Атланта Хоукс. Денешниот натпревар го следеше уште еден поранешен играч на белградскиот тим Саша Павловиќ како и некогашниот тренер Душко Вујошевиќ.

0Shares
0 0