(ФОТО) Гаф на ФИБА: Марјановиќ кити елка на католички Божиќ

0Shares
0 0

Светската кошаркарска организација направи голема грешка, сакајќи на убав начин да го одбележи денешниот голем верски празник во католичкиот свет.

На официјалните страници на ФИБА на социјалните мрежи, излезе божиќна честитка на која има неколку кошаркари кои просласуваат, китат елка и доделуваат подароци. Меѓу нив и српскиот репрезентативец Бобан Марјановиќ со кого е направен најголемиот гаф.

Центарот на Далас е православен Србин кој Божиќ не го просласува денеска, туку на 7 јануари. Веројатно некој подоцна ги поучил луѓето од ПР-от на ФИБА, па оваа честитка остана само петнаесетина минути на социјалните мрежи, пред да биде повлечена.

0Shares
0 0