(ФОТО) Го видовте ли стајлингот на Серж Ибака? УРНЕБЕС!

0Shares
0 0

Шпанскиот репрезентативец со конгоанско потекло не е во ростерот на Лос Анџелес Клиперс на вечерашното дерби против градскиот ривал, но тоа не му пречи да биде во центарот на вниманието.

Серж Ибака постојано ја менува својата позиција, некогаш е зад клупата на Клиперс, некогаш стои зад кошот, но така, за постојано да биде видлив за камерите. Неговиот стајлинг е урнебесен.

Не се знае дали носи мантил, фустан, пижама или нешто друго. Од страните има шлиц, па му излегуваат нозете. Капак на се, на главата има капа, на лицето маска, а надолу нешто како марама. Му се гледаат само очите, но само ако добро се загледате во него.

0Shares
0 0